Состојбата на човековите права во Крим по неговата анексија од страна на Русија, според Чешката амбасада во Киев драматично се влошува. Чешкото радио повикувајќи се на таен извештај на амбасадата на Прага објави дека Русија врши масовни репресии врз жителите на Крим и ги нарушува човековите права и слободи.
Според дипломатски извори, извештајот е од минатото лето, но слични информации доаѓаат постојано. Според писмото, регистрирани се случаи на тортура, тепање, заплашување, задржување и лажни обвиненија не само врз активистите, туку и врз обичните граѓани, особено врз кримските Татари.
Кримскиот парламент прогласи независност на полуостровот во Украина пред една година и четири дена подоцна официјално се припои кон Руската Федерација. Киев одбива да го признае овој потег и се уште го смета Крим како нејзина територија.
Со образложение дека е потребна заштита на животите на Русите и по барање на шефот на кримската автономна Влада, Сергеј Аксионов, Москва распореди војници во Крим, што според критичарите на Кремљ е обид да се анексира Крим и особено стратешките пристаниште Севастопол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.