Првиот синоним на роденден е торта. Барем во нашите краишта. Наспроти овој обичај, во некои држави во светот се негуваат сосема други форми на однесување. Во секој од нив фокусот не е во роденденската торта, туку на некои други јадења. Некои интересни обичаи ги пренесе порталот „Денвник.хр“.
Јужна Кореја
Славениците во оваа земја се честат со чинија супа од морски алги. Се работи за оброк кој поради количината на хранливите состојки најчесто го јадат бремени жени. Супата наводно донесува среќа во наредната година.
Аргентина
Аргентинските родендени се прославуваат со сендвичи де миго. Се работи за јадење многу слично на чајни сендвичи, две кришки леб без корка меѓу кои се ставаат парчиња зеленчук, месо и сирење. На славеникот во чест на добри желби му се влечат ушите, толку пати колку што има години.
Русија
Традиционалниот роденденски оброк во Русија подразбира риба, компир и салата од цвекло. Се јадат и солени пирошки со месо или зеленчук, а наместо торта, роденденските желби се пишуваат на овошни пити.
Мексико
Без пињати нема детски роденден во Мексико. Тоа се предмети во облик на животни кои се полнат со колачи, а кои славеникот мора да ги скрши за да дојде до слатките залаци. Покрај тоа познат е обичајот по име la mordida (гриз) што е збор кој гласно се извикува додека славеничката глава се втурнува во роденденската торта.
Гана
Појадокот е најважен оброк во денот и времето кога луѓето во Гана ги слават своите родендени. Славениците се честат со тврдо варени јајца и пире од зеленчук јам, на кое се додава палмино масло.
Англија
Се дуваат свеќички на роденденска торта, а при печењето во бисквитот се сокрива паричка како симбол на богатство за иднината.
Кина
Долги резанки се симбол на доловечност, а варените јајца се знак на плодност, па двете намирници задолжително се јадат на кинеските роденденски прослави. Обично се служи супа, која содржи повеќе различни намирници.
Бразил
Бригадеиро топчиња се роденденски хит во Бразил. Се работи за слатки топчиња кои се подготвуваат од кондензирано млеко и чоколаден прав, а кои се украсуваат со чоколадни трошки. Децата исто така јадат колачи во форма на овошје или зеленчук.
Австралија
Самовилски леб е типична роденденска закуска во Австралија. Се работи за многу едноставен сладок пекарски производ, на кој се додаваат многу шарени трошки за украсување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)