Пред новото седиште на Европската централна банка во Франкфурт, кое што денеска треба да започне со работа, дошло до судир помеѓу демонстранти од движењето „Блокјупај“ и полицијата, која со солзавци се обидувала да ги протера, јавуваат светските медиуми.
Демонстрантите претходно најавја дека нивната цел е да се изрази нивното противење на мерките за штедење и капитализмот со блокирање на новото седиште на ЕЦБ.
Портпаролот на германската полиција изјави дека во немирите е повреден најмалку еден полицаец, а бил запален и полициски автомобил.
Се очекува дека на протестниот собир на централниот плоштад во Франкфурт ќе дојдат околу 10.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.