| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Ќе бидеме светски прваци“ во кино Милениум

Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ премиерно ќе биде прикажан во кино Милениум во четврток (19-ти март) во 20 часот, а потоа останува на редовниот репертоар во терминот од 20 часот.

Филмот ја раскажува приказната за основите и подемот на кошарката на овие простори. Низ призмата на четворицата главни ликови Небојша Поповиќ, Борисав „Бора“ Станковиќ, Радомир „Раша“ Шапер и Александар „Аца Професор“ Николиќ, биографски ни го „реконструира“ периодот од почетоците на кошаркарската игра во Југославија до фантастичнот момент врежан во колективната спортска меморија на луѓето кои живеат на овие простори, освојувањето на Светското првенство во Љубљана, 1970 година.

Режисер на филмот е култниот Дарко Бајиќ, а актерската екипа е млада но одлична, Страхиња Блажиќ, Милош Биковиќ, Александар Радојчиќ, Сергеј Трифуновиќ, Нина Јанковиќ, Ива Бабиќ, Марко Јанкетиќ, како и македонските актери Тони Михајловски и Сашко Коцев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top