| четврток, 6 декември 2018 |

Дејселблум: Грција останува без пари

грција

Холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогупата, Јерун Дејселблум денеска повторно предпреди дека Грција останува без пари и дека ако сака да добие дополнителна помош ќе мора да работи на спроведување на економските реформи.

Минатата недела грчките владини претставници започнаа преговори со меѓународните кредитори во Брисел во обид да постигнат нов договор за пакетот реформи и за деблокирање на средставта од пакетот за помош, што од некои експерти и медиуми беше оценето како обид на Атина за купување време.

Сепак според, Дејселблум со овие преговори Атина не купува време, бидејќи од ден на ден се соочува се се поголем притисок.

– Количеството на пари, колку што ми е мене познато, се намалува со секој изминат ден, изјави Дејселблум.

Тој нагласи дека Атина би можела да добие итен кредит, но само во случај ако „ги напарви вистинските чекори и ако има напредок во реформите што и се неопходни на земјата“.

На ваквата изјава на Дејселблум, властите во Атина само кусо одговорија дека Грција нема да дозволи да биде уценувана.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ уште пред два дена објави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас стравува оти Грција ќе остане без пари до крајот на март.

– Грците треба да бидат подготвени дека платите и пензиите може да не бидат целосно исплатени од крајот на март, наведува весникот.

Меѓутоа, Ципрас ги отфрли ваквите шпекулациите, негирајќи дека земјата се соочува со проблеми во исплатата на пензии и плати за вработените во јавниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top