| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмина Албанци обвинети за регрутирање борци за ИД

ид

Деветмина албански државјани, меѓу кои и двајца муслимански проповедници, денеска беа изведени пред Суд во Тирана, под обвинение дека врбувале и регрутирале над 70 лица, кои заминале да се борат во редовите на групата Исламска држава (ИД) во Сирија.  

Обвинетите беа упасени пред една година под сомнеж за организирање терористички активности. Доколку бидат прогласени за виновни, тие би можеле да заработат затворски казни во траење од најмалку 10 години.

Според обвинителството, обвинетите во две џамии во Тирана, кои не се дел од Исламската верска заедница на Албанија, проповедале џихад и врбувале муслимнаски верници за да се борат во редовите на ИД.

Исламската верска заедница на Албанија досега во неколку наврати ги повикуваше муслиманските верници да не се приклучуваат кон исламистичките групи во Сирија и Ирак

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top