| четврток, 6 декември 2018 |

Заоралек: Путин е непредвидлив

путин

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек изјави дека е фрапантно тоа што рускиот претседател Владимир Путин јавно лажел во врска со ангажманот на руските војници за време на анексијата на украинскиот полуостров Крим, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Заоралек, Путин така станува непредвидлив, иако и натаму е важен партнер, бидејќи Русија има сериозно место во глобалната безбедносна архитектура и е постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

– Тоа е нешто со што еден човек тешко се помирува: дека политичарите на такво ниво може да кажат: Јас ве лажев – рече Заоралек по состанокот на министрите одговорни за европската проблематика на земјите на ЕУ во Брисел.

Путин пред неколку дена во руски телевизиски филм за околностите на анексијата на Крим призна вмешаност на руските специјални сили и состојба на подготвеност на нуклеарниот арсенал на неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top