Иран и САД постигнаа согласност за 90 отсто од техничките прашања, поврзани со договорот за иранската нуклеарна програма, соопшти шефот на Иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи во швајцарскиот град Лозана.
– Постигнавме согласност за 90 проценти од техничките прашања во разговорите со американскиот министер за енергетика Арнест Мониз – истакна Салехи.
Тој додаде дека има само едно важно прашање, за кое имаат несогласување, но изрази надеж дека и тоа ќе биде надминато за време на разговорите.
„Шесторката“ за иранската нуклеарна програма и Техеран треба до крајот на овој месец да постигнат политички договор за нуклеарните активности на Иран. Во случај да биде постигнат договор, техничките прашања треба да бидат усогласени до 30 јуни или 1 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.