Иако по мистериозното десетдневно исчезнување од јавноста, рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петерург на состанокот со киргистанскиот колега се појави во прилично добро расположение, некои експерти за говор на телото тврдат дека гласините за наводни здравствени проблеми би можело да бидат вистинити.
Угледен стручњак и експерт за гестикулација Џуди Џејмс за „Дејли Мејл“ вели дека Путин само привидно изгледал вообичаено, иако и лаици би приметиле дека лицето му беше бледо.
– Неговиот говор на телото најчесто е комбинација од загонетен израз на лицето зачинет со по некој циничен осмех и мачо држење. На површина не се приметува голема разлика во однос на претходните негови појавувања, но некои помалку видливи траги укажуваат дека гласините за неговото здравје можеби имаат основа, вели Џуди Џејмс.
– Лицето на Путин свети и покрај тоа што насмевката е присутна, во очите не му се гледа вообичаеното студенило и ароганција. Додека се движи, ја користи вообичаената енергија, но левата рака би можело да покажува знакови на слабост. Во некои положби безживотно виси, а во моментот кога седи се чини како да ја потпира со десната рака, Сепак , левата рака очигледно може да ја користи, што го покажа во моментот кога го откопача сакото, појаснува таа.
– Нозете му се раширени, што упатува на алфа-самоувереност. Разговорот го води со вообичаена одлучност и активни покрети со главата, воочува експертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.