| четврток, 6 декември 2018 |

Народни верувања: Како да привлечете пари?

Народните обичаи и верувања се полни со суеверја поврзани со парите.

1. Чантата не ја чувајте на под ако сакате да имате пари.

2. Цела плата мора да преноќи дома. За заработените пари да ја засакаат вашата куќа, оној ден кога ќе добиете плата не треба да потрошите ниту денар.

3. Некои велат дека би требало година дена да сочувате крупна банкнота, која ќе се „наполни“ со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари кон себе.

4. Пари нема да имате ако свирите во соба или ако трошките од маса ги чистите со рака.

5. За куќата да биде полна со пари, метлата треба да ја поставите со дршката на долу.

6. Покачување на плата треба да барате во среда.

7. Џебовите на облеката која вон сезона ја оставате во ормар наполнете ги со ситни пари.

8. Парите не сакаат скинати џебови.

9. Никогаш не држете празен паричник, во него нека има барем ситни пари.

10. Сите пари мора да бидат свртени со главата кон газдата.

11. Парите заработени од коцкање или игри на среќа, заработени нечесно, најдени, искинати и слично не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во паричникот. Поделете ги со сиромашните или брзо потрошете ги.

12. Дома не чувајте празни кутии – тоа значи дека и паричникот ќе ви биде празен. Во секој празен сад или кутија ставете барем зрно ориз, важно е само нешто да се наоѓа внатре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top