Пратениците на денешната 39. седница ги усвоија и измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка.
Причина за носење на законот, појасни еден од предлагачите, пратеничката Лилјана Затуроска, е потребата од доуредување на постапката за усвојување на планската документација кога во планскиот опфат има градби со намена здравствена заштита, социјална заштита и групно домување во функција на образование. Со предложените решенија, според неа, ќе се овозможи дополнителна проверка на почитувањето на стандардите и нормативите во постапката за носење планска документација во случаи кога предмет на планирање се градби со намена здравствена заштита, социјална заштита, образование и групно домување во функција на образование.
Со законот се врши допрецизирање на графичкиот дел од деталните урбанистички планови и се предвидува наместо без определени градежни линии да биде со определени градежни линии. Се утврдува податоци и информации при изработка на урбанистички планови, урбанистичко плански документации и урбанистичко-проектни документации да се бараат и од органот надлежен за социјална заштита.
Според Олга Најденовска пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, со законските измени, меѓу другото, се бара мислење за конечен предлог на урбанистички план и од органите надлежни за здравствената и за социјалната заштита и за образованието.
Пратеничката Лилјана Поповска се изјасни дека нема да гласа за овие законски измени затоа што смета дека најпрво треба да се донесе закон за зеленило. – Се зборува за многу прашања во овој закон. Видовме премногу пренамена на градби и лесно интервенирање во урбанистичките планови досега. Се работи само за натамошно олеснување на инвеститорите да прават што сакаат со нашиот простор – рече Поповска.
За пратеникот Рамиз Мерко кога се говори за градежно земјиште и урбанистичко планирање, секогаш произлегуваат сомнежи, а неговото искуство како градоначалник, рече, покажува дека постои голем интерес за донесување детални урбанистички планови, затоа што тоа е голема потреба на целата држава, на сите институции, на бизнисот и на сите граѓани. Според него, најголемиот хаос е во непочитување на градежните линии или нивото на градење согласно ДУП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…