| четврток, 6 декември 2018 |

„Поезијо те сакаме“ на 21-ви март, Светскиот ден на поезијата

На 21 мартСветскиот ден на поезијата, во Културниот центар „Феникс“ во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе се одржи манифестацијата „Поезијо, те сакаме!“ 

На манифестацијата ќе настапат веќе афирмирани, но и млади поети кои ќе читаат свои стихови во чест и слава на поезијата. Организатори на манифестацијата се Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје.

Ќе настапат 21 поет, меѓу кои и: Васил Тоциновски, Елена Пренџова, Мирче Нешовски, Христо Петрески, Душко Кралевски, Филип Димкоски, Љерка Тот Наумова, Лидија Давидовска, Ленче Милошевска, Деси Николова, Марина Мијаковска, Снежана Стојчевска, Виолета Сековска, Марија Ѓеоргиеска, Македонка Чадиноска и други.

Инаку, Светскиот ден на поезијата го востанови УНЕСКО на 21 март 1999 година со цел да се промовира читањето, пишувањето, објавувањето и проучувањето на поезијата ширум светот 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top