Русија нема да и го врати Крим на Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и покрај предупредувањата на САД и ЕУ дека нема да ги укине санкциите воведени кон Русија заради анексијата на овој црномоски Полуостров, извршена пред една година.
-Крим не е под окупација. Крим е дел од Руската Федерација и тема на нашите региони, секако, не може да биде предемет на расправа, рече Песков.
Рускиот Парламент на 21 март минатата година ја одобри анексијата на Крим, откако жителите на Полуостровот неа ја поддржаа на референдум.
Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, вчера изјави дека САД нема да ги укинат економските санкции кон Русија се додека Крим е под руска власт, наведуваат британските медиуми.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, изјави дека ЕУ ќе продолжи да води политика на непризнавање на анексијата на Крим, меѓу другото и преку санкции.
Во 1954 година тогашниот нов советски лидер Никита Хрушчов и го дал Крим на Украина како подарок, додека Украина била во составот на Советскиот Сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.