Тврдењата дека Русија се обидела да влијае врз американските претседателски избори во корист на Доналд Трамп е лов на вештерки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Неговата изјава е прва реакција на Москва на извештајот на американските специјални служби за руската хакерска операција за време на предизборната кампања.
Песков истакна дека извештајот не содржи никакви нови докази дека руски официјални лица се вмешани во хакерските напади.
Во минатонеделниот извештај на американските служби е посочено дека рускиот претседател Владимир Путин раководел со кибер кампањата, со цел да му помогне на Трамп.
– Уморни сме од такви обвиненија. Тоа навистина наликува на лов на вештерки, наведе Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.