Веќе сте слушнале, а веројатно и изговориле, дека е подобро да се биде сам отколку да се биде во лоша врска, но сеуште сте со некој, а и сами не сте сигурни зошто
Еве неколку знаци кои укажуваат дека сте во врска „дај што ке дадеш“.
Сеедно ви е дали ќе имате секс вечерва, или утре или следниот месец. Сексот е „врзувачкото ткиво“ во романтична врска и без тоа, вие не сте двојка, туку сте само двајца кои спијат или понекогаш вечераат во иста просторија. Секако има двојки кои имаат секс еднаш месечно, но тие двојки по некое време раскинуваат. Доколку не сте заинтересирани да го видите партнерот без облека, можеби сте навистина заинтересирани да го видите на врата, како си оди.
Не размислувате за заедничка иднина, ниту па заеднички одмор, го споредувате партнерот со други и не ви се разговара за партнерот со вашите пријатели кои што се среќни и во стабилна врска, тогаш завртете се и продолжете го својот пат, нормално во спротивен правец од партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.