Од ултиматум и заеднички одлуки до прекинување „од ведро небо“ – секој искусил барем едно од ова. Иако се сите незгодни, некои од нив делуваат ослободувачки.
Раскинувањето на врската е искуство кое секој барем еднаш го искусил во животот. Колкава трага остава, зависи од врската. Дали сеуште имате чувства кон партнерот или сте спремни да продолжите понатаму. Раскинувањето може да биде заедничка одлука, може да биде последица од агресивни испади или да биде едносмерна улица. Срцето може да ви биде скршено на повеќе начини.
Заедничка одлука
По неколку години заедно, дошло време секој да тргне по својот пат. Двојките заедно одлучиле дека повеќе ништо не може да се спаси и дека е подобро да функционираат како пријатели отколку како двојка. Овој вид на раскинување е болен, но мирен, а понекогаш може да делува и ослободувачки.
Принудно раскинување
Во ова прекинувањето на врската се има вмешано животот. Двојката најчесто ја прекинува врската затоа што еден од партнерите се сели во друг град, или треба да се сконцентрира на школувањето или некој од нив прифатил нова работа во странство, а ниту едната, ниту другата страна не е спремна да се жртвува за врската.
Ултиматум
Врската бара многу труд од двете страни, а понекогаш двојките може да западнат во рутина која што го уништува нивниот однос. Неговите одења на тренинзи или нејзината опсесија за шопинг, тоа може да ја уништи врската. Најчесто едната страна се заканува дека ќе ја прекине врската, доколку нивната втора половина не се поправи во однесувањето. Меѓутоа треба да се има на ум, за да се промени некој не е ниту малку лесно, а особено ако тој не е спремен да смени нешто кај себе си.
Изневерување
Причината за распаѓањето на врската во овој случај е изневерување. Едната страна не може да помине преку таква грешка или можеби другата страна и не сака да продолжи врската. Овој вид на раскинување е многу болно, затоа што еден од партнерите е повреден и тешко ќе може повторно некому да верува.
Раскинување „од ведро небо“
Во еден момент се е совршено, а веќе во другиот се се срушило. Партнерот одлучува да ја прекине врската, а другата страна не сфаќа зошто. Не покажувал партнерот никакви знаци, а вие сте биле сигурни дека сте среќни и дека ве чека заедничка иднина. Ова искуство е трауматично скоро за секој, особено затоа што било неочекувано. Луѓето во овие ситуации почнуваат да се сомневаат во себе си и да се обвинуваат зошто тоа не го воочиле претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.