Грчката Влада е приврзаник, а не противник на Европската унија, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во интервјуто што денеска е објавено во весникот „Јуманите“, пренесе ТАСС.
– Грчката Влада има проевропски, а не антиевропски позиции. Пред изборите медиумите во различни земји не претставија како група од популисти, изедначувајќи не со партиите на Марин ле Пен во Франција и Најџел Фараж во Велика Британија. Тоа е апсолутно неточно, изјави Варуфакис.
За него, да се критикуваат различни аспекти на курсот на Европската унија не значи дека си антиевропеец. „Самата најнова историја ни учи дека тоа е наша задача да се критикува тоа што не се сработува во механизмот на ЕУ“, рече тој.
На Грција и беше наметната програма, што се темели на некои идеолошки принципи. Програма, што предизвика уништување на луѓе, откажувања, глад и лишување од добра. На нас, меѓутоа, ни е добро познато уште од триесетите години на минатиот век дека ваквата интервенција, што се прикажува со масовна невработеност, доведува до нацизам. Таквата тенденција постои и во современа Грција, каде третата партија по бројот на добиени гласови на изборите отворено ја соопштува својата приврзаност кон идеите на нацизмот.
Слично на тоа што се случи во Германија за време на Вајмарската република, центристичките сили во Грција претрпеа пораз. Партијата ПАСОК крахира. Партијата Нова демократија се дискредитира, подвлече Варуфакис. Во врска со тоа јас отворено им кажав на своите колеги од Еврогрупата дека неуспехот на сегашните власти во Грција ќе биде од корист пред се на екстремната десница. Дали таквата ситуација ќе може да се смета за успех на Еввропа, праша Варуфакис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.