Досега многу пати се дискутирало, колку често имаат секс паровите кои имаат среќен брак.
Најпосле имаме конкретен одговор на ова прашање.
Дури и да се тврди дека љубовта, а не сексот, го одржува бракот и хемијата меѓу партнерите, сексот секогаш е добар начин да изрази љубовта кон партнерот и тој воопшто не треба да се исклучи од брачниот живот.
Сепак, во светот бројот на браковите без секс, постојано се зголемува. Во контекст на ова прашање, најновите истражувања носат точни податоци за тоа колку пати месечно имаат секс двојките кои се во среќен брак.
Ако сте меѓу оние кои се загрижени, дека сексуалниот живот ќе им западне во криза по стапувањето во брак, тогаш овие податоци дефинитивно ќе ве израдуваат.
Според истражувањето во кое учествувале 400 мажени жени, за повеќето од нив квалитетот бил поважен од квантитетот. Среќно мажените жени изјавиле дека имаат секс 11 пати во месецот, а помалку задоволните признале дека со своите сопрузи се интимни од три до четири пати во месецот.
Сепак, со текот на годините од најразлични причини, многу брачни парови губат желба за интимност со партнерот, а по дефиниција бракот без секс не е брак, во кој партнерите воопшто немаат секс, а е таков во кој сексот не е редовен и се случува поретко од 10 пати во годината.
Во секој брак сексуалната желба се менува во зависност од она што се случува во животот на брачните партнери. Но вистинските проблеми настануваат кога мажот и жената ќе почнат да се оддалечуваат еден од друг и тоа трае подолго, сексуалните односи намалуваат или запираат, а заедно со нив исчезнува и целата интимност во бракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.