| четврток, 6 декември 2018 |

Клучна ноќ во дијалогот Белград-Приштина

taci dacicДијалогот Белград-Приштина што утринава почна во Брисел влегол во клучна фаза и веројатно ќе потрае до доцна во ноќта, пренесува агенцијата Танјуг од извори во Европската комсиија.

-Влеговме во најчуствутителната фаза, рече функционерот на ЕК кој посака да остане анонимен во текот на кратката пауза, што беше направена попладнево, за високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, да го оддржи претходно закажаниот состанок со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Изворот не можеше да открие никакви детали за текот на разговорите, што премиерот Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашуим Тачи ги почнаа рано утринава, но додаде дека верува дека оваа рунда ќе се заврши доцна ноќва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top