| четврток, 6 декември 2018 |

Немажена, а има 30 години!

00040354

Има жени кои тешко се справуваат со кризата „немажена и има 30“. Во денешно време нормално е жената прво да се грижи за кариерата, а потоа да размислува за семејство и деца.

Стануваме сведоци на се посилен јавен притисок врз дамите кои се приближуваат кон триесетиот роденден. Нема место за непотребни грижи, само разјаснете некои работи за себе …

Како се чувствувате?

Среќна ли си? Дали сте задоволни од вашиот живот? Дали ви се допаѓа вашата работа? Дали ви се допаѓа она што го правите? Ако одговорите на овие прашања се „да“, тогаш немате причина да се грижите и тоа да ве прави несреќна и тажна.

tumblr_nkmm3vwFA61r5s8dro1_1280

Смирените, среќните и насмеаните луѓе дејствува мудро и некако успеваат за себе да си го обезбедат само најдоброто. Тоа значи дека во моментот во кој имате потреба од сериозна врска, ќе ја добиете. Никогаш не е доцна за вистинска љубов и искрени чувства. Ако пак не ви се допаѓаат вашиот живот и не го правите она што го сакате, нема посоодветен момент за промени од сега!

Што сакате ?

Имате желба да се посветите на патувања и авантури, кои ќе ви го осмислат животот? Имате право да располагате со вашето слободно време како што сакате, ако тоа ве направи среќна. Можеби по патот ќе се сретнете со човекот со кого би сакале да ги споделите сите овие работи. Животот не завршува по врзувањето!

tumblr_nkzfu3v5gS1shcqiqo1_1280

Ако веќе сакате да создадете семејство, размислете што ви пречи да го сретнете вистинскиот партнер. Можеби од премногу работа не ви останува време да разговарате со нови луѓе. Можеби си седите само дома, бидејќи сте изморена. Можеби давате погрешни сигнали поради некоја причина и не успевате да ги привлечете мажите. Размислете каде е проблемот и решете го. Излегувајте повеќе, правете нови интересни работи, комуницирајте со различни луѓе, спортувајте … Забавувајте се, не правете сè со цел за брак. Работите ќе се случат по природен пат.

Како да се справите со притисокот на роднините и пријателите

Не се чувствувајте виновни кога ви зборуваат дека немате семејство. Не реагирајте нервозно кога некој ќе ве праша кога мислите да имате деца. Одговарајте мирно и категорично, дека тоа е нешто за што секој решава сам и не сакате да дискутирате на таа тема. Многу е важно вие самите да размислувате така, инаку никој нема да ви поверува.

tumblr_nkupexAIhu1s1oegho1_500

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top