| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и две деца загинаа од бомба скриена во детска играчка во Пакистан

Татко и две деца загинаа денеска во селото Бишиграм, во долината Сват, во северозападниот дел на Пакистан, откако во нивниот дом експлодира бомба скриена во детска играчка.

Шефот на локалната полиција Салим Кан Марват изјави дека трите деца на 35-годишниот татко пронашле иргачка на улица и ја земале во својот дом да си играат.

– Таткото, неговата деветгодишна ќерка и седумгодишен син починале на самото место, додека уште две деца се повредени- изјави Марват.

Претставникот на полицијата во селото Бишиграм Афзал Кан ги потврди информациите за несреќата. Потеклото на бомбата се уште не е откриено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top