Перо Антиќ одигра околу 16 минути и постигна 5 поени во новата победа на Атланта хоукс, овојпат на гостински терен против Сакраменто кингс. Јастребите одиграа за десетка, тимски, квалитетно и одново потврдија дека се сериозен кандидат за титулата во НБА лигата. Тие славеа против Кингс со 110-103, а дуото што одмори на претходниот меч, Милсеп и Тиг ноќеска беа лидери во новиот триумф на Атланта.
Милсеп забележа 19 поени со 10 скока, а Тиг беше најефикасен со 23 поени. Кај домаќините Демаркус Казинс беше најзабележителен со 20 поени.
Двејн Вејд ужива во дуелите со поранешниот соиграч од Мајами, сега во дресот на Кливленд, Леброн Џејмс. Мајами хит по вторпат го победи Кливленд и пак блескаше Вејд со 32 поени. Рамо до рамо со него беше Горан Драгиќ со 20 поени и 9 скока. Џејмс доцна се рзабуди, кога разликата беше огромна во корист на Мајами и го заврши мечот со 26 поени. Кајри Ирвинг одигра солидно со 21 поен, но без победнички ефект за Кавалирс.
Резултати: Индијана – Торонто 98-117, Вашингтон – Портланд 105-97, Бостон – Филаделфија 108-89, Мемфис – Денвер 92-81, Мајами – Кливленд 106-92, Минесота – Бруклин 122-106, Далас – Оклахома 119-115, Јута – Шарлот 94-66, Сакраменто – Атланта 103-110, Голден стејт – ЛА Лејкерс 108-105.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.