Шокантен пресврт во случајот со убиството на 17 годишното момче од унгарска националност во Војводина. Српската полиција е на чекор од разрешување на убиството, но мотивите најверојатно нема да бидат ниту со етничка позадина, ниту забранета љубов, туку нешто сосема трето.
Веднаш по убиството неколку медиуми на унгарски јазик тврдеа дека момчето е убиено само затоа што е Унгарец. Српските медиуми пак, пишуваа за забранета љубов, а се споменуваа и неколку осомничени на возраст од 30 до 40 години, кои наводно биле роднини со девојката на момчето кои не се согласувале со нивната љубовна врска.
Најновите информации кои денеска ги објавија повеќе српски медиуми говорат дека полицијата е на добар пат да го расчисти убиството, а зад решетки најверојатно ќе заврши 14 годишно дете исто така од унгарска националност, со што паѓаат во вода претходните сомневања.
Истрагата имала докази дека осомничениот за убиството, 14 годишниот П.П. и убиеното момче Ервин Билички непосредно пред убиството заедно седеле во кафеана и пиеле алкохол.
Откако заминале од кафеана, прво се скарале вербално, а потоа и физички се пресметале. Во тепачката П.П. неколку пати го удрил Билички по што момчето изгубило свест, паднал во барата со лицето во вода и се угушило. Утврдено било дека Билички имал 1,8 промили алкохол во крвта, додека 14 годишникот признал дека пиел пиво во кафеаната.
Таткото на убиеното момче се закани дека правдата ќе ја земе во свои раце ако го најде убиецот пред полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


