| четврток, 6 декември 2018 |

Јацењук бара целосна борбена готовност на војската

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук побара од Министерството за одбрана ставање на војската во состојба на целосна борбена готовност.

– Поради ситуацијата во зоната на конфликтот во Донбас потребно е Министерството за одбрана и Генералштабот да воведат состојба на целосна борбена готовност на вооружените сили на Украина- истакна Јацењук за време на советувањето со претставниците на раководствата на украинските региони.

Тој нагласи и дека Државната служба за вонредни ситуации треба да спроведе цивилна заштита на населението, меѓу другото, да ги опреми засолништата.

Премиерот бара и од Министерството за внатрешни работи и сите органи на редот во Украина борба против тероризмот и следење на секој што го „загрозува животот на граѓаните и украинската независност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top