| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје објави еко-конкурс

Според условите на јавниот повик, Град Скопје ќе избира најеколошка компанија, а ќе се награди и најголемиот придонес во областа на заштитата на животната средина. Ќе се избира и најубаво уреден двор, најубав состав на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта и најубав цртеж на тема екологија.

Во рамки на традиционалната манифестација „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, Град Скопје го распиша јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.
– Целта на конкурсот е да се промовира и да се популаризира грижата за животната средина и за природата  – се вели во соопштението од Град Скопје.

еко-конкурс
Пријавувањето на овој конкурс почнува веднаш и трае до 15 мај 2013 година. Прогласувањето на победниците во сите пет категории ќе се одржи на 5 јуни.
Според условите на јавниот повик, Град Скопје ќе избира најеколошка компанија, а ќе се награди и најголемиот придонес во областа на заштитата на животната средина. Ќе се избира и најубаво уреден двор, најубав состав на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта и најубав цртеж на тема екологија.
За првите две категории е предвидена по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top