Три манекенки се убиени вчера во напад на нивното возило во Хондурас.
Алма Мариела Ордоњез Варгас (28), сопственичка на модна агенција, Маделин Рамирез Замбрано (21) и Бланка Алехандра Веласкез Мехиа (20) во 09 и 30 часот по локално време, се возеле во сребрено комби во главниот град Хондурас.
Во возилото се наоѓале вкупно 6 мажи и 5 жени.
Во еден момент пред комбето застанал помал камион.Од зад него излегле наоружени лица.Ја отвориле вратата на возилото, ги натерале девојките да излезат и да легнат на патот.
Некои медиуми јавуваат дека напаѓачите биле на мотори и дека некое време ги набљудувале манекенките.Почнале да пукаат.Имале рани од куршуми по телото, рацете и на главата.Полицијата подоцна нашла 15 чаури од куршумите.Повредени се еден маж и жена.
Причината за нападот засега не е позната.Но според пишувањето на медиумите во Хондурас, наводно ден претходно напаѓачите се обиделе да ги киднапираат трите манекенки но ги спречила полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.