Босна и Херцеговина подари над 550 тони оружје и муниција на Ирак, како дел од свои обврски во коалицијата за борба со џихадистичката Исламска држава.
Потегот беше по барање на САД и содржи оружје и муниција произведени кога БиХ беше дел од Југославија.
Со планираната и спонзорирана од НАТО и САД реформа на системот за одбрана на БиХ, државата треба да се „ослободи“ од над 16.500 тони муниција и над 40.000 парчиња оружје.
Според министерот за одбрана Зекерија Осмиќ, огромното количество непотребно оружје и муниција може да се претвори во закана за безбедноста на населението.
Тоа е прва испорака на БиХ за Ирак во рамки на коалицијата против Исламска држава. Претходно тие испраќаа непотребно оружје за Ирак и Авганистан додека нивни војници служеа во меѓународните мисии во тие држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.