Курдскиот воен претставник, генерал Азиз Ваизи денеска изјави дека има докази дека џихадистичката група Исламска држава (ИД) трипати употребила хемиско оружје – хлор врз курдските борци во северниот дел на Ирак.
Генералот истакна дека неговите борци – пешмерга во три обиди биле изложени на хлор од страна на ИД, и тоа во декември минатата година во напад на областа Синѓар и уште двапати во јануари, западно од Мосул. Тој додаде дека властите истражуваат уште два можни напада со хемиско оружје.
Курдите соопштија претходно дека примероци биле анализирани од независна лабораторија во една држава, коалициски партнер, чие име не е наведено, и биле пронајдени траги од хлор.
ИД е осомничена дека користела хлор и во претходни напади во Ирак и Сирија.
Џихадистичката група, која контролира една третина од области во Сирија и Ирак во самопрогласен калифат, досега не ги коментирала овие тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Шефот на германската дипломатија предупредува на сериозна опасност од војна во 2018 година