| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено исчезнатото девојче од Аеродром

дете

Исчезнувањето на девојчето го пријавила нејзината 30-годишна мајка, која во полициската станица Аеродром кажала дека девојчето последен пат било дома во периодот меѓу 11 и 13 часот вчера, по што не се вратило во домот во стан во населба Мичурин. 14-годишното  девојче претходно не го напуштала својот дом без да им се јави на најблиските.

Околу 15 часот скопската полиција била известена дека во текот на денешниот ден девојчето се вратило дома само.  Од почетокот на годината МВР во цела Македонија распишала вкупно 33 централни објави по исчезнати лица, а од нив 10 сè уште не се пронајдени или не се вратиле дома. Минатата  година имало вкупно 172 пријавени исчезнати лица (најголема бројка во изминатите 15-ина години), а од нив 30 лица уште не се пронајдени и се водат како исчезнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top