| четврток, 6 декември 2018 |

Плановите на САД за вооружување на Украина ги поткопуваат договорите од Минск

Russian FM Lavrov attends a meeting with Kazakhstan's FM Idrisov in Astana

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека плановите на САД за испорака на оружје за Украина ги поткопуваат постигнатите договори од Минск.

– Голем број Европејци го сметаат ваквиот план за многу опасен, но во ЕУ има и такви што буквално поттикнуваат снабдување со такво оружје. Тоа е недвосмислено однесување за уривање на договорите од Минск и нивно директно кршење – истакна Лавров.

Според него, Русија е подготвена да учествува во разгледување на предлозите за испраќање мировна мисија во источниот дел на Украина, доколку страните во конфликтот се заинтересирани за тоа.

Украинската армија денеска соопшти дека еден нејзин припадник е убиен во последните 24 часа во борбите во источниот дел на земјата и покрај објавениот прекин на огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top