| четврток, 6 декември 2018 |

Пет вистини за љубовната врска кои не сакаме да си ги признаеме

Односот во врската постојано се менува и тоа е нормално. Понекогаш доаѓаме во конфликт со партнерот, но тоа само ја зајакнува нашата врска и не обликува нас самите. Важно е да бидеме искрени и пајажината од лаги да ја извлечеме од под килимот и да ја исчистиме. Ви наведуваме пет работи кои најчесто таму се наоѓаат.

vistini vo vrska so ljubovta

1. Во секоја врска постои шеф

Еден од партнерите секогаш потајно верува дека другиот ја контролира врската и дека има моќ над него. Иако партнерите треба да бидат рамноправни, всушност тоа често и не е случај, односно еден од нив шефува во врската и ги држи сите конци во рацете. Кога се наоѓате во таква врска, доаѓа до несоглавувања затоа што секогаш се расправате околку тоа чии родители почесто ги посетувате или со чии пријатели почесто се гледате.

2.Пријателството со поранешниот партнер ретко функционира

Дури ни во филмовите пријателството помеѓу поранешните љубовници не функционира, затоа што секогаш на крајот од филмот тие завршуваат заедно. Во вистинскиот живот исходот е малку поинаков. Кога ќе останете во пријателски односи со личноста со која сте делеле сексуален и љубовен живот секогаш ќе дојде до оној разговор што би можело да биде доколку и понатаму сте останеле заедно. Тогаш почнуваат расправиите, љубомората ако некој од вас има нов партнер и се нарушува односот помеѓу пријателите.

3.Тој ми е само пријател

Доколку сте разговарале на тема дали сте вие само пријатели, всушност тоа не е потполно точно, затоа што пријателите не водат такви разговори. Луѓето своите пријатели никогаш не ги ословуваат со „само пријател“, затоа што тоа „само“ со себе повлекува привлечност која ја чувствувате еден кон друг.

4.Некој секогаш сака повеќе

Французите имаат изрека која вели: Во секоја врска постои оној кој бакнува и оној кој нуди образ. Така е и во врските. Еден од партнерите секогаш повеќе го сака другиот, но тие самите не го приметуваат тоа. Набљудувачите лесно може да увидат кој од нив двајца го понудил образот, а кој е тој кој што бакнува.

5.Вреди ли да бидеш вљубен?

Љубовта носи многу несогласувања и проблеми, но има и многу позитивни и убави работи. Доколку прашате некој кој е вљубен и дали вреди да сакате, ќе ви одговори потврдно, затоа што сите проблеми и помалку убави моменти во врската, ја прават врската посебна и на тој начин партнерите се зближуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top