| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го избегнете опуштањето на кожата по наглото слабеење?

Ако многу сте ослабеле, а и понатаму се чувствувате непријатно, тогаш виновник е опуштената и лабава кожа. Благодарејќи на овие совети може да спречите да се случи тоа

opustanje na koza

Не слабејте нагло

Ова не само што ќе предизвика вишкот растегната кожа да виси од вашето тело, тоа може и да го загрози вашето здравје. Избегнувајте гладување по секоја цена!

Избегнувајте долго сончање

На вашата кожа и е потребна нега. Премногу сонце или изложувањето на кожата во хлорирана вода може само да го влоши проблемот и да ја направи кожата уште полабава.

Минерален пилинг

Научниците веруваат дека ова ќе помогне затоа што пилингот со минерални соли, ја подобруваат циркулацијата и ќе го забрзате обновувањето на кожата која ќе биде поздрава и еластична. Добар пилинг 3-4 пати неделно може да направи чуда за вашата кожа.

Редовна хидратација

Здрава кожа е хидрирана кожа, затоа што водата ги исфрла токсините од организмот, а тоа многу брзо ќе се забележи на вашиот тен. Осум чаши вода на ден и ќе приметите голема разлика.

Сирова храна

Општо познато е дека со готвењето се уништуваат многу хранливи материи во храната. За да му ги обезбедите сите хранливи материи на своето тело, потрудете се во исхраната да внесувате сурова храна и вашата кожа набрзо ќе почне да блеска.

Бадемово масло

Доколку ви е потребен добар препарат за хидратација и нега на кожата кои ќе ги ублажат стиите, бадемовото масло е совршен избор за вас. Само една лажичка масло дневно, нанесена на критичните регии, ќе ја направат вашата кожа мека и затегната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top