Во екот на расправијата изговараме многу работи кои не ги мислиме, а поради кои би можело да се каеме.
Некои коментари изговорени во афект брзо ќе бидат заборавени, но некои можат да нанесат таква штета која ниту извинување неможе да ја поправи. Затоа е важно во бесот да се сочува прибраноста и внимателно да се избираат зборови. Овие зборови треба да ги избегнувате:
Не ти верувам
Овие зборови воглавно ги изговараат жените кои се сомничави, а може многу силно да болат, особено мажот кој е потполно искрен. Многу жени, но и мажи знаат како е да се биде параноичен поради сомневањата кои на крај ќе се испостави дека биле само производ на имагинација. Поради оваа причина да се брка од себе партнерот е потполно бесмислено.
Сите мажи се исти
Да разјасниме еднаш засекогаш: Не се сите мажи исти, исто како што и жените не се исти. Само затоа што некој ви го скршил срцето, не значи дека некаде не постои маж кој не би ви го направил тоа. Доколку на својот партнер му го кажете тоа, тој би можел да престане да ве почитува и може да останете сами поради реченицата во која што веројатно ниту сами не верувате.
Не си добар во кревет
Без разлика дали е вистина или не, да му се каже толку деликатна работа на така суров начин, неповратно може да ја влоши вашата врска. Кога на маж ќе му го повредите егото, ниту еден збор потоа не е доволен за да се поправи кажаното. Ако не сте задоволни обидете се тоа да го решите со разговор.
Мојот поранешен никогаш не би направил такво нешто
Споредувањето на сегашното момче со поранешното води до прекинување на врската. Пред да го изустите ова, сетете се дека со поранешниот сте ја прекинале врската и не може да биде толку совршен колку што сакате да го направите. Прифатете го своето ново момче таков каков што е, а не таков како што би можел да биде.
Твојата мајка во се мора да се меша
Не е мит дека мајките сакаат да се мешаат во животот на својот син и во изборот на неговата девојка. Многу мажи се поврзани со својата мајка, па околку му кажете дека неговата мајка е напорна, постои опасност да тие зборови да му се врежат во главата и никогаш да не ви прости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Ќе се мажеше и ќе ја менуваше верата за него-министерката раскина со момчето
-
Десет животни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година