| четврток, 6 декември 2018 |

Анчелоти: Со Модриќ и Рамос одиме во Барселона полни со самодоверба

Кризата во Реал Мадрид како да е минато. Со враќање на теренот на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ тимот игра многу подобро, полесно креира акции за гол и слободата на играчите од нападот е поголема тврдат шпанските медиуми.
Тоа го признава и тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти кој во хрватскиот виртуоз на теренот гледа причини за отпимизам пред неделното „Ел Класико“ што се игра на Камп Ноу.
Реал игра подобро кога Модриќ е во составот, а тоа се виде и на вчерашниот дуел против Леванте во кој кралевите славеа со 2-0, но разликата можеше да биде и поголема.

– Бејл, едноставно, игра многу подобро кога Модриќ е на теренот. Полесно постигнува голови, подобро се движи, тие двајца имаат некоја хемија – вели Анчелоти.

Следниот викенд може да се одлучи прашањето на правакот во Примера дивизија, доколку Барселона излезе како победник. Сепак со повратниците во тимот, Модриќ и Рамос, италијанскиот стратег верува дека може да дојде до победата на Камп Ноу.

– Се надевам дека моите фудбалери в недела ќе бидат вака мотивирани. Враќањето на играчи како Рамос и Модриќ го вратија расположението кај сите фудбалери. Се изгледа многу полесно и во Барселона одиме полни со самодоверба – додаде Анчелоти.

Големото „Ел класико“ се игра в недела на стадионот на Барселона со почеток од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top