Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска ги посети новите 440 полициски службеници во центарот за обука во Идризово, селектирани по последниот јавен оглас на МВР, кои ја почнаа основната обука.
Цел на основната обука за полицаец, нагласи Јанкулоска, е потенцијалните кандидати да ги совладаат основите на полициското работење, а тоа значи дека секој од нив што успешно ќе ја совлада предвидената обука во согласност со внатрешните процедури, е оспособен да биде полициски службеник во основниот состав.
Во период од 12 месеци, колку што ќе трае обуката, кандидатите ќе поминат неколку модули и тоа сервисна ориентираност, полициска етика и работење, ќе се запознаат со нивните овластувања и се она што ги очекува кога ќе станат полициски службеници, ќе се запознаат со основните прописи кои го регулираат полициското работење. Потоа кандидатите ќе се обучуваат за заштита на животот и имотот, обезбедување во одредени ситуации, како и совладување на наставните содржини поврзани со сообраќајот односно сето тоа што значи сообраќајната култура, но и гранична култура.
– Кога кандидатите ќе ја завршат основната обука за полицаец ќе бидат оспособени за вршење полициски работи. Ние веќе го спроведовме менторскиот систем, што значи дека секој кандидат има свој ментор, кој ќе го води и ќе му помага во совладувањето на наставните содржини- рече министерката за внатрешни работи Јанкулоска.
Таа нагласи дека само најдобрите ќе вклучат договори за вработување на неопределено време.
Инаку, на огласот распишан за кандидати за полициски службеници, кои ќе извршуваат работни задачи на територијата на Градот Скопје, се пријавиле 3.273, најголем број 2.703 мажи, а 570 женски кандидати.
– Тоа не значи дека кандидатите се само од Скопје, но тие ќе бидат обврзани нивното работно место да биде во Градот Скопје без разлика од кое место потекнуваат. Тоа подразбира дека освен во полициските станици од општа надлежност, СВР Скопје, може да добијат договор за работа и во некоја од специјалните единици- појасни Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Почна судењето за „Тенк“
-
Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска
-
Првпат во официјална посета на Македонија доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ