Англискиот шампион Манчестер Сити испратил понуда до Реал Мадрид во висина од 135 милиони евра за услугите на Герет Бејл. Како пренесуваат англските медиуми, понудата веќе пристигнала на адреса на „Сантијаго Бернабеу“ за велшкиот репрезентативец.
Бејл пред година и пол премина во редовите на кралскиот клуб од Тотенхем за рекорди 100 милиони евра не игра според очекувањата на управата и навивачите и се чини дека претседателот на клубот Флорентино Перез сериозно ќе ја разгледа понудата и евентуалната заработка од 35 милиони евра за Велшанецот.
За услугите на Бејл се заинтересирани и двата најголеми конкуренти на Сити во Англија, градскиот ривал Јунајтед и Челси.
Сити, кој имаше проблем со финансискиот фер-плеј на УЕФА најави дека наскоро ќе потпише светски рекорден спонзорски договор со „Итихад“ од 80 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од актуелниот договор, со цел да има доволно пари за екстра засилувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)