| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас очекува неделава да се постигне договорот со ЕУ за кредитирање на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изрази увереност дека до крајот на неделата Грција ќе го најде решението за краткорочното кредитирање од ЕУ, за кое неговата земја има итни финансиски потреби, пренесува МИА.

Во интервју за весникот „Етнос“, Ципрас посочи дека „до крајот на неделата ова прашање ќе се реши на политичко ниво, поточно до средбата на врвот на шефовите на држави и влади на ЕУ и, доколку се има потреба, и на самата средба“, што ќе се оддржи во четврток и петок во Брисел.

Грција посакува да искористи поповолни услови од Европската централна банка за обезбедување на својата ликвидност. Земјата, исто така, се стреми побрзо да го постигне деблокирањето, по последната транша од кредитите за земјата во износ од 7,2 милијарди евра, предвидени во рамки на продолжената спасувачка програма за Грција, за што на 20 февруари беше постигната спогодба со меѓународните кредитори.

Грција денеска на ММФ треба да му врати 560 милиони евра, по двете реализирани уплати за кредитите кон оваа институција од почетокот на март.

-Не кријам дека постојат сили кои повеќе сакаат конфронтација за да дадат можност за продолжување на мерките за штедење и кои од овие причини ја блокираат примената на спогодбата од 20 февруари, рече грчкиот премиер на одгласите за размена на остри реплики меѓу Атина и Берлин во последните денови.

Ципрас акцентот го стави врз „многuбројните тешкотии во континуираните преговори на Грција со нејзините партнери, откако постојат неприфатливите гласини во Европа“.

Овие „сили во Европа, но и во Грција, се идентификуваат со мерките за штедење и ќе направат се за да ги саботираат обидите за преговори на грчкиот народ, заплашувајќи, провоцирајќи и обидувајќи се да создадат политичка и економска паника“, рече Ципрас.

Премиерот повтори дека „нема никаква закана за пензиите и платите“ и дека Владата има намера во следните четири години да ја реализира својата програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top