Триесет и тригодишниот Сашо Коцев од штипско Ново Село загинал минатата недела во сообраќајна несреќа во Валенсија.
За инцидентот е известена и македонската амбасада, која контактирала со државните и општинските власти, пренесува ТВ „Стар“.
Според неофицијалните информации од Ново Село, Коцев загинал во бизарна сообраќајна несреќа. Го прегазил негов близок другар, кој се возел во рикверц со товарно возило.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.