| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Организаторите на државниот удар во Киев планираа убиство на Јанукович

Организаторите на пучот во Киев во 2014 година планирале да го убијат тогашниот претседател на Украина Виктор Јанукович.

Ова го изјавил претседателот на Русија Владимир Путин, во документарниот филм „Крим“ кој денес бил прикажан на телевизијата, Русија 1, пренесува ТАСС.

-Јас ги повикав во Кремљ шефовите на нашите разузнавачки служби и министерството за одбрана и им дадов задача да се спаси животот на украинскиот претседател. Во спротивно, тој ќе беше убиен“,рекол Путин.

Тој кажал и дека Русија дејствувала одлучно и цврсто на Крим во март минатата година за да спречи развој на настаните како во регионот на Доњецк и на луѓето да им даде шанса да се изјаснат за тоа како сакаат да живеат.

-Кога доследно, цврсто и чесно реагиравме на Крим, се водев од тоа дека се можни трагични последици кои сега ги гледаме во Доњецкиот регион, кажал Путин.

Тој објаснил де Русија така постапила за да се избегне трагедија и на народот на Крим да му се овозможи слободно изразување на вољата.

Референдумот на Крим беше одржан на 16 март минатата година. На гласање излегоа над 83 отсто од граѓаните со право на глас, а за отцепување од Украина и припојување кон Русија гласаа околу 97 отсто од излезените гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top