Минатата година многу деца под 2 годишна возраст, посетиле стоматолошка ординација со расипани заби, бидејќи пиеле овошен сок од шишенца.
Според стоматолозите, родителите мислат дека им даваат нешто здраво на своите деца, а всушност шеќерот ги разјадува нивните заби, објави во „Дејли Меил“.
Информативниот центар за здравствена и социјална заштита известија дека 1235 деца под две години имале потреба од болничко лекување, вклучувајќи и 134 деца под една година, чии млечни забчиња штотуку се појавиле. На многу од децата им биле отстранети по неколку заби под целосна анестезија.
Една чаша сок од јаболко содржи седум чаени лажици шеќер, исто како и лименката кола.
СЗО информира дека човек не треба да консумира повеќе од 6 лажички шеќер дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.