| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес на островот Нова Британија на Папуа Нова Гвинеја

zemjotres

На островот Нова Британија на Папуа-Нова Гвинеја денеска е регистриран земјотрес со јачина од 5,9,степени според Рихтеровата скала, информира американскиот Геофизички институт.

Епицентарот на потресот бил на 18 километри северозападно од градот Рабаул, во кој живеат 10.000 лица.

Жариштето на земјотресот се наоѓало на длабочина од приближно 200 километри.

Засега нема информации за настрадани и за предизвикана материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top