Насловот не е грешка. Иако по неколку пијалоци некој не толку симпатичен, почнува да ви личи на холивудски актер, сепак умереното конзумирање на алкохол може навистина да ве направи и вас попривлечни. Според една студија објавена во американскиот магазин „Алкохол и алкохолизам”, по пиењето две чаши вино, им станувате попривлечни на останатите.
Научниците веруваат дека тоа е така поради вазодилатацијата, или проширувањето на капиларите во лицето што прави образите да станат поцрвени. Вака на останатите потсвесно им сте привлечни, затоа што црвената боја сигнализира здравје, плодност и сексуален интереса. Покрај тоа, мускулите на лицето се поопуштени, па изгледате поопуштени и порасположени.
Над три чаши испиено вино, овој ефект се губи и се добива спротивниот ефект, се вели во истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.