Некои луѓе огласите ги користат за нешто да купат или да го продадат тоа што повеќе не им треба. Но не и на Бјанка Фази. Таа преку оглас на интернет на страницата Гам Трее одлучи да го најде човекот со кого останала бремена.
Станувало збор за авантура за една ноќ, а Бјанка ја изненади веста дека е бремена, затоа што лекарите и рекле дека поради синдормот на полицистички јајници тешко ќе може да забремени.
Се што знае за таткото на детето е дека се вика Џереми и дека е од предградие на австралискиот град Перт. Се обидувала да го пронајде во текот на бременоста, но безуспешно, пишува Метро.
Сега, два месеци по породувањето таа продолжи со барање и на социјалните мрежи. Таа вели дека се сретнува со многу предрасуди и луѓе кои ја нарекуваат лоша мајка. Најмногу ја болат коментарите од оние кои сугерираат дека требала да абортира.
– Општестството и понатаму не сака жени кои одлучуваат да го задржат детето надвор од врската – рече младата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.