Перо Антиќ по долго време повторно беше дел од стартната петорка на Атланта хоукс на гостувањето во Лос Анџелес против Лејкерс, а „јастребите“ славеа со 91-86. Антиќ реализираше три поени, надополнети со шест скока, две асистенции и една украдена топка. Денис Шредер беше најефикасен во таборот на Атлантасо 23 поени и 10 асистенции.
Расел Вестбрук го предводеше тимот на Оклахома сити до триумф над Чикаго булс од 109-100, задржувајќи го својот тим на осмата позиција во Западната конференција. Извонредниот плејмејкер постигна 36 поени забележа и 11 скокови.
Кливленд забележа лесна победа на гостувањето против Орландо благодарение на Кајри Ирвинг, кој постигна 33 поени.
Резултати: Оклахома сити – Чикаго 109-100, ЛА клиперс – Хјустон 98-100, Њу Орлеанс – Денвер 111-118 (по прод.), Орландо – Кливленд 108-123, Сан Антонио – Минесота 123-97, Торонто – Портланд 97-113, Феникс – Њујорк 102-98, ЛА лејкерс – Атланта 86-91.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Забивањето на Антиќ прогласено за потег на колото во АБА лигата (видео)