| четврток, 6 декември 2018 |

Еко-календари за заштита на животната средина

eko_kalendar

Општина Аеродром во соработка со Здружението за едукација, консалтинг и комуникација ОХО изминатиов период на сите основни училишта и детски градинки на нејзина територија им подели еко-календари со еколошки пораки за зачувување на животната средина.

Целта на оваа програма е да се подигне свеста за заштита на животната средина кај децата од градинките и кај учениците од основните и средните училишта.Користејќи ги советите и предлозите од прирачникот за воспитувачи и наставници, децата и учениците ќе направат нешто корисно за себе и околината, а истовремено ќе учат и ќе се забавуваат.

Училиштата и градинките многу позитивно и активно ја прифатија имплементацијата и реализацијата на Програмата и во изминатите години ги интегрираа дефинираните програмски содржини во нивните Годишни програми за работа и воведуваа еколошки теми за работа, со што секое училиште и секоја градинка помогна, но и понатаму ќе помага во унапредувањето на воспитно-образовниот систем, исполнувајќи ја мисијата за здрава планета.

Оваа активност Општина Аеродром ја спроведува во рамки на Програмата за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, која ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top