| четврток, 6 декември 2018 |

Како пари на ЦИА завршиле во рацете на Ал Каеда?

zawahiri-ciaВо пролетта 2010 година авганистанските официјални власти постигнале договор за ослободување на авганистански дипломат кој Ал Каеда го држела како заложник. Цената била пет милиони долари, пари кои властите морале да ги обезбедат. Според неколку официјални претставници на земјата кои биле дел од овој случај, прво се насочиле кон тајниот фонд, во кој американската ЦИА месечно уплатувала пари за претседателската палата во Кабул.

Милион долари од фондот и уште четири милиони долари од други земји како Пакистан, Иран и Заливските држави се предадени на Ал Каеда која ја пополнила својата каса по непрекинати напади со беспилотни летала на ЦИА во Пакистан, во кој е десеткуван врвот на оваа терористичка организација.

– Господ не  благослови со поприлична сума пари овој месец, напиша главниот менаџер на Ал Кеда Атија абд ал Рахман во писмо испратено до Бин Ладен во јуни 2010 година, додавајќи дека тие средства биле искористени за оружје и за други оперативни потреби. Бин Ладен повикал на претпазливост, стравувајќи дека Американците знаат за тоа и дека парите се радиоакивни или отровни, или дека ги следат.

– Постои можност Американците да се запознати со испораката на парите и дека прифатиле аранжман за исплатата поради тоа што тие пари ќе се движат под надзор од воздух, одговорил Ладен. Но, доприносот на ЦИА за Ал Каеда не бил вешто испланирана замка, туку уште една во низата примери кои покажуваат како САД поради слабиот увид во ситуацијата и лошото менаџирање со парите, ненамерно ја финансирале токму онаа група против која се борат, наведува Њујорк Тајмс.

Иако одбивале да платат откуп за Американците кои беа киднапирани од АЛ Каеда, а во поново време и од ИСИС, во последните десет години потрошиле стотина милијарди долари во војните во Ирак и Авганистан, при што дел од тие пари завршиле во рацете на непријателот.

Споменатите писма биле дел од преписката меѓу Бин Ладен и Рахман која е поднесена како доказ за постапката против Пакистанецот Абид Насир, оперативец на Ал Каеда, осуден за поддржување тероризам и планирање за подметнување бомби во трговски центар во Манчестер.

Писмата и документите биле запленети од американската специјалната единица за време на акцијата во Аботабад во 2011 година во која беше убиен Бин Ладен, а обелоденети се сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top