| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко се жали, не се почитува примирјето во Украина

Претседателот на Украина, Петро Порошенко ги обвини проруските сили дека не го почитуваат договореното примирје во Источна Украина. Тој побара дополнителни санкции за Русија од западните сојузници.

– Секој ден има истрели од руската страна. Примирјето е прекршено над илјада пати од февруари. Не се почитува договорот и се крши примирјето. Украина го почитува договореното до последната точка, но другата страна го прекршува примирјето секојдневно- изјави Порошенко.

Двете страни се согласија од средината на минатиот месец да стивнат борбите и интензитетот на борбите во Источна Украина се намали, но има постојани меѓусебни обвинувања за непочитување на примирјето.

putin porosenko

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top