| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и Работнички рутински, Шкендија сопрена во Штип

Вардар и Работнички со победи на гости против Турново, односно Пелистер ја продолжија мртвата трка за титулата од која полека, но сигурно се оркажува Шкендија. Тетовци денеска не успеаја да победат во Штип со Брегалница и одиграа нерешено 0-0, со што заостануваат зад лидерот Вардар за 10 бода.

vardarce

Вардар лесно миона низ Турново и славеше со 2-0 со дебитанскиот гол на Сенијад Ибричиќ од пенал и на Филип Ивановски. Вардар има 47 бода, три повеќе од актуелниот првак Работнички. Романтичарите во Битола го победија Пелистер со 3-1 со головите на Баже Илијоски кој беше прецизен двапати и на Алтипармаковски. Почесниот гол за домаќините го постигна Тодоровски.

Во Кратово Силекс и Металург одиграа нерешено 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top