Соединетите Американски Држави и Турција постигнаа договор за користење на базата во Инџирлик, каде ќе бидат распоредени беспилотни летала. Целта е да се сопре налетот на Исламската држава и да се даде подршка на операцијата на здружената коалиција, објави „Хабер турк“, а пренесува Македонската информативна агенција (МИА).
Во претходните три и пол години САД користеше четири беспилотни летала во базата Инџирлик, од марката Предатор, а наскоро таму ќе бидат префрлени уште две такви летала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.