| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Вистината е во делата, реформите и во проектите

gruevski-tribina-Нашиот народ бара одговори и решенија за реалниот живот и потреби. Вие нѐ познавате доволно добро. Креирани големи сценарија и случаи ставани во негативен контекст, како конструкција не е доволно за да ја засенат нашата работа и делата поради кои нè избирате и ни давате доверба. Тие дела се нашиот вистински лик. Во тие дела, проекти, мерки, реформи. Во нив е вистината! Вистината не е некој апстрактен поим, кој сега опозицијата сака да го монополизира и киднапира, мислејќи дека полагаат ексклузивно право на тоа да кажат што е вистина, а што не е. Тие го немаат тоа право. Вистината е во сите нас тука, во сите граѓани, и секој поединечно знае во што може а во што не може да верува. Вистината е во постапките и чекорите поради кои граѓаните гласале за нас и не избираат девет години по ред на избори – рече премиерот Никола Груевски на денешната трибина во СРЦ „Борис Трајковски“.

Пред толпата граѓани, поддржувачи и симпатизери премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ додаде:
– Во делата е вистината! Во проектите е вистината! Во осумипол годишното деноноќно работење за да се оствари ветеното е вистината! Во реформите, во новите работни места, во изграденото, создаденото, корисното…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top